Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 25

:
Macedonian - 2006
1 Амасија се зацари на дваесет и пет години и царуваше во Еру­салим дваесет и девет години; мајка му се викаше Јехоадан, од Ерусалим.
2 Тој го правеше она што беше угодно пред очите на Господ, но не со полно срце.
3 Кога се зацврсти на царството, тој ги уби слугите свои, што го беа убиле царот, таткото негов.
4 Но децата нивни не ги погуби, бидејќи е напишано во Законот, во книгата Мојсеева, каде што Господ запо­ведал, велејќи: да не се убиваат татков­ците заради децата, и децата да не бидат убивани заради татковците, туку секој треба да умре заради својот престап.
5 Амасија ги собра Јудејците, ги нареди според племињата нивни под власта на илјадници и стотници сите Јудејци и Венијаминовци; ги преброи од дваесет години и нагоре, и ги најде триста илјади души одбрани, кои одат во војна и држат копје и штит.
6 Тој најми од Израелците уште сто илјади храбри војници за сто кикари сребро.
7 Но дојде кај него човек Божји и рече: „Царе, нека не оди со тебе израелска војска, зашто Господ не е со Изра­елците, не е со никого од Ефремовите синови,
8 туку оди сам, врши работа, бори се храбро во војната. Инаку, ќе те фрли Бог пред непријателот, зашто во Бога има сила и да поткрепи и да собори.“
9 Амасија му одговори на Божјиот човек: „А што да се прави со стоте кикари, што ѝ ги дадов на израелската војска?“ Божјиот човек рече: „Господ може да ти даде повеќе од тоа.“
10 Амасија ги оддели, војската, која беше дошла кај него од земјата Ефре­мова, да си одат во своето место. И тие се разгневија силно против Јудеја и се вратија во своето место многу налу­тени.
11 Амасија пак се охрабри и го поведе народот свој, та отиде во Солената До­лина и уби десет илјади синови Сеи­рови;
12 и заробија десет илјади живи сино­вите Јудини и ги одведоа на вр­вот од карпата, и ги турнаа оттаму и тие сите сосема се разбија.
13 А војската, што ја врати Амасија, за да не оди со него во војна, се растури по јудејските градови од Сама­рија до Веторон, во кои уби три илјади души и собра многу плен.
14 Кога си дојде Амасија по поразот на Едомците, ги пренесе боговите на Сеировите синови, ги постави кај себеси за богови и пред нив се поклонуваше и им кадеше.
15 Поради тоа се разгори гневот Господов против Амасија, и Тој му испрати пророк, кој му рече: „Зошто прибегнуваш кон боговите на тој народ, кои не го избавија својот народ од раката твоја?“
16 Додека тој говореше, царот одго­вори: „Зар те поставив за царски советник? Престани, за да не те убијат!“ И пророкот престана, но го рече уште ова: „Знам дека Господ решил да те погуби, бидејќи ти го направи тоа и не го послуша мојот совет.“
17 Се посоветува Амасија, царот јудеј­ски, и испрати да му кажат на израелскиот цар Јоас, син на Јоахаз, Јехуов син: „Излези да се видиме лице в лице.“
18 Тогаш израелскиот цар Јоас ис­прати до јудејскиот цар Амасија да му кажат: „Трнот леванонски испра­тил да му кажат на кедарот леванонски: дај ја својата ќерка на синот мој за жена. Но минале диви ѕверови леванонски и го изгазиле тој трн.
19 Ти велиш: ете, ги избив Едом­ците, и срцето твое се возгордеа и стана пре­многу суетно. Седи подобро во домот свој. Зошто да се зафаќаш со опасна работа? Ќе паднеш ти, и Јудеја со тебе.“
20 Но Амасија не послуша, бидејќи тоа беше од Бога, за да ги предаде во раката на Јоас, заради тоа што прибегна кон едомските богови.
21 Излезе Јоас, царот израелски, и се видоа лице в лице, тој и Амасија, цар јудејски, во Ветсамис јудејски.
22 И беа разбиени Јудејците од Изра­елците, и се разбегаа секој во шаторот свој.
23 И го улови Јоас, царот израелски, Амасија, царот јудејски, син на Јоас, син на Охозија, го доведе во Ерусалим и го собори ерусалимскиот ѕид во дол­жина од четиристотини лакти од Еф­ремовите Порти до Аголните Порти;
24 го зеде сето злато и сребро и сите садови, што беа во домот Божји, чувани од Аведар, и ризницата на царскиот дом, и заложниците, и се врати во Самарија.
25 Амасија, син Јоасов, цар јудејски, живееше по смртта на израелскиот цар Јоас, Јоахазов син, петнаесет години.
26 Другите Амасиеви дела, од првото, па до последното, се опишани во Кни­гата на царевите јудејски и израелски.
27 Потоа, откако Амасија отстапи од Господ, направија заговор против него во Ерусалим, и тој избега во Лакиш. Испратија по него во Лакиш, и го убија таму.
28 И го донесоа на коњи, та го погребаа кај предците негови во Јудиниот град.